Kübra Chohan
30 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турските кревачи на тегови освоија 51 медал на Европското првенство 2018 година во категориите за млади и под 15 години, кое беше одржано во период од 22 до 29 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Националните спортисти станаа група која освои најмногу медали во турската историја на кревање тегови.
Претседателот на турската Федерација за кревање тегови, Тамер Ташпинар, изјави дека националните тимови на Турција се состојат од силни и талентирани спортисти.
„Нашите спортисти постигнаа историски резултати во Италија“, додаде Ташпинар.
Во соопштението издадено денес од турската Федерација за кревање тегови се вели дека 16 машки и 16 женски спортисти од Турција освоиле 11 златни, 22 сребрени и 18 бронзени медали во категориите за млади и во категоријата под 15 години.
Женскиот национален тим под 17 години освои прво место со 558 поени, Грузија е на второ место со 534 поени, а по неа следува Италија со 511 поени.
Турција со машкиот тим во категоријата под 17 години го освои третото место, а беше поразен од Романија и Азербејџан.
Националниот тим од категоријата под 15 години се наоѓа на првото место со 554 поени, а по него следуваат Италија со 468 и Азербејџан со 409 поени. Машкиот национален тим од категоријата под 15 години е на второ место со освоени 550 поени.