Halil İbrahim Avşar
17 Септември 2022•Ажурирај: 20 Септември 2022
БЕЛГРАД (АА) - Турскиот борач Таха Акѓул освои златен медал на Светското првенство во борење што се одржува во Белград, главниот град на Србија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акѓул во финалето во категоријата до 125 килограми слободно, го совлада Монголецот Лхагвагерел Мунхтур со резултат 6:2.
За турскиот претставник ова е трето светско злато во кариерата. Акѓул претходно беше светски шампион во 2014 и во 2015 година.
Тој на патот до финалето ги победи репрезентативците на Унгарија, Канада и Иран.
На крајот од седмиот ден од Светското првенство во борење во Белград, Туркије стигна до седмиот медал, освојувајќи четири златни и три бронзени медали.
Светското првенство во борење се одржува во Белград од 10 до 18 септември.