Yunus Kaymaz
15 Февруари 2020•Ажурирај: 16 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (AA) - Олстар-викендот започна со натпревар на најдобрите млади играчи на светот и Соединетите Американски Држави (САД), а победија Американците со 151 : 131, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во ревијалниот натпревар наградата за најкорисен играч на натпреварот (MVP) ја однесе кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Милс Бриџис, кој постигна 20 поени и запиша пет скока и пет асистенции.
Најефикасен во екипата на САД беше Колин Секстон со 21 постигнат поен.
На другата страна најефикасен беше Канаѓанецот РЈ Барет со 27 поени, шест скока и пет асистенции.
Лука Дончиќ запиша 16 поени, две асистенции и пет скока.
Во ноќта од сабота кон недела ќе биде одржано натпреварување во тројки и забивање, а Олстар-натпреварот се игра во ноќта од недела кон понеделник.