Sercan Küçükşahin
08 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
КАЈСЕРИ
Клубот од турската фудбалска Супер лига, Хес Кабло Кајсериспор, ја суспендира лиценцата на Даниел Аврамовски, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата ја потврдија претставници на клубот Кајсериспор.
Се вели дека е суспендирана лиценцата на 25-годишниот македонски фудбалер Аврамовски кој во почетокот на годината беше трансфериран од Вардар.
Аврамовски во првите четири недели на оваа сезона не беше вклучен во составот поради неговата повреда.