Admir Fazlagic
08 Октомври 2020•Ажурирај: 10 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Македонската фудбалска репрезентација ја совлада репрезентацијата на Косово со резултат 2:1 во полуфиналниот натпревар од Лигата на нациите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ова ја донесе репрезентацијата на Северна Македонија на чекор до пласман на Европското фудбалско првенство. Доколку на 12 ноември репрезентацијата на Северна Македонија победи против Грузија на 12 ноември во Тбилиси, за прв пат ќе се пласира на Европското првенство, кое треба да се одржи наредната година.
На почетокот на натпреварот резултатот го отвори домашната репрезентација во 16. минута. Во една од првите акции, од левата страна преку Несторовски и Пандев, се префрли на средината кон Адеми, па на десната кон Ристовски. Тој шутираше, а правецот на движењето на топката го смени косовскиот одбранбен играч Бенјамин Кољоли и таа заврши во голот на гостинската репрезентација.
Селекцијата на Косово во 29-та минута успеа да постигне гол и да го израмни резултатот. После кардиналната грешка на голманот Димитриевски и Велкоски изедначи на 1-1. Стрелец на голот беше Флорент Хадерѓонај, кој со лоб удар го совлада исрчаниот голман Димитриевски.
Само неколку минути подоцна, македонската репрезентација постигна резултатска предност. Во 33 минута Велковски постигна погодок откако Барди центрираше од слободен удар. Дефанзивецот Велковски по центаршутот на Барди беше највисок во шеснаесетерецот и со глава упати прецизен удар со што зголеми резултатот на 2:1.
Во второто полувреме и двата тима имаа шанси, но немаше промена во резултатот.
Натпреварот од Лигата на нациите помеѓу репрезентациите на Северна Македонија и Косово требаше да се игра на 26 март, но беше одложен поради Ковид-19.
Поради мерките против ширењето на коронавирусот (Ковид-19) натпреварот се одигра без присуство на публика.