Abdulkadir Karakaya
19 Март 2021•Ажурирај: 20 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Откако реванш-средбата меѓу Динамо Загреб и Тотенхем заврши идентично како и првата средба, 2:0, Динамо Загреб со погодок во продолжението успеа да се пласира во четвртфиналето на УЕФА Лига Европа со вкупен резултат од 3:2, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се играа реванш-средбите од осминафиналето на второто по важност фудбалско клупско натпреварување во Европа, УЕФА Лига Европа.
Хрватскиот претставник Динамо Загреб на домашен терен го пречека Тотенхем од кој на првата средба загуби со 2:0.
Откако првото полувреме заврши без погодоци, 0:0, Мислав Орсиќ во 62. и 82. минута од средбата постигна два погодоци за водство на Динамо од 2:0. Бидејќи натпреварот во регуларниот тек заврши со овој резултат, се играа продолженија.
Во 106. минута од продолжението, Орсиќ постигна погодок за свој хек-трик и водство на Динамо од 3:0, со што му донесе победа на својот тим и пласман во четвртфиналето на Лига Европа.
Во една од синоќешните реванш-средби во Лига Европа беше и дуелот меѓу Манчестер Јунајтед кој на стадионот „Сан Сиро“ му гостуваше на Милан. Откако првата средба во Манчестер заврши без победник, 1:1, синоќа Погба со гол во 48. минута им донесе победа на гостите и пласман во четвртфиналето.
Виљареал на домашен терен го пречека Динамо Киев. Виљареал и во реваншот со идентични 2:0, како и на првата средба, ги совлада гостите и се пласира во четвртфиналето.
Екипата на Ајакс по првата средба на домашен терен оствари предност од 3:0 над Јанг Бојс. Синоќа Ајакс како гостин со 2:0 го совлада домаќинот и со вкупно 5:0 се пласира во четвртфиналето на Лига Европа.
Славија Прага на првиот натпревар одигра нерешено, 1:1 против Ренџерс. Синоќа во реванш-средбата што ја играше на гостински терен извојува победа од 0:2 и избори пласман во четвртфиналето. Кемар Руф во 61. минута и Леон Балогун во 73. минута добија црвени картони и го оставија својот клуб со двајца играчи помалку на теренот.
Во четвртфиналето на Лига Европа се пласираа Рома, Арсенал, Гранада, Динамо Загреб, Манчестер Јунајтед, Виљареал, Ајакс и Славија Прага.
- Резултати од синоќа одиграните реванш-средби:
Динамо Загреб - Тотенхем 3:0
Шахтјор Донецк - Рома 1:2
Арсенал - Олимпијакос 0:1
Молде - Гранада 2:1
Милан - Манчестер Јунајтед 0:1
Виљареал - Динамо Киев 2:0
Јанг Бојс - Ајакс 0:2
Ренџерс - Славија Прага 0:2