Dejan Maksimovic
22 Февруари 2024•Ажурирај: 22 Февруари 2024
АНКАРА (АА) - Синоќа се одиграа последните два дуела од осминафиналето на УЕФА Лигата на шампиони, во кои Наполи ѝ беше домаќин на Барселона, а Арсенал гостуваше во Порто, јавува Анадолу.
Барселона на гостинскиот терен во Наполи поведе со 0:1 со голот на Левандовски во 60. минута на асистенција на Педро Гонсалес. Домаќините сепак успеаја да го изедначат резултатот во 75. минута преку Виктор Осимен.
Порто до минималната победа против Арсенал дојде во судиското продолжение, кога Галено постигна извонреден погодок од 20 метри за големо славење на стадионот „Драгао“.
Резултати од вчера одиграните средби:
Наполи - Барселона 1:1
Порто - Арсенал 1:0
Резултати од средбите што се одиграа во вторникот:
Интер - Атлетико Мадрид 1:0
ПСВ - Борусија Дортмунд 1:1
Минатата недела, во рамките на осминафиналето се одиграа средбите:
Копенхаген - Манчестер Сити 1:2
РБ Лајпциг - Реал Мадрид 0:1
Лацио - Баерн Минхен 1:0
ПСЖ - Реал Сосиедад 2:0
Реванш-натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампиони се закажани за 5, 6, 12 и 13 март.
Финалето на овогодинешното издание на најсилното европско фудбалско клупско натпреварување ќе се игра на стадионот „Вембли“ во Лондон на 1 јуни.