Mutlu Demirtaştan
04 Октомври 2018•Ажурирај: 05 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во второто коло од европското најпрестижно клупско натпреварување во фудбал, Лигата на шампионите, се одиграа 8 натпревари во групите А, Б, Ц и Д, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во групата А, шпанскиот претставник Атлетико Мадрид го совлада белгискиот преставник Клуб Бриж со резултат 3 : 1. Погодокот што го постигна францускиот интернационалец Антоан Гризман претставува 8.000 погодок во Лигата на шампиони.
Екипата на Барселона во Групата Б му гостуваше на англискиот претставник Тотенхем. Барселона извојува победа во гости од 2 : 4. Поведе Барселона со 0 : 1 во 2. минута преку Филипе Кутињо, Иван Ракетиќ зголеми на 0 : 2. Лионел Меси постигна два погодока, во 56. и 90. минута од натпреварот. Погодоците за Тотенхем ги постигнаа Хери Кејн во 52. и Ерик Ламела во 66. минута. Жерард Пике го одигра својот 100-ти натпревар во Лигата на шампиони.
Францускиот претставник Париз Сен Жермен (ПСЖ) во групата Ц ја пречека екипата на Црвена ѕвезда. ПСЖ извојува победа од 6 : 1. Бразилскиот интернационалец Нејмар постигна хет-трик со погодоците во 20., 22. и 81. минута. Единсон Кавани постигна погодок во 37. минута, Анхел Ди Марија во 42. и Килијан Мбапе во 70. минута. Нејмар на овој натпревар успеа да стигне до 30-от погодок во Лигата на шампиони, со што се изедначи со својот сонародник Кака.
Во групата Д, португалскиот претставник Порто на домашен терен со резултат 1 : 0 го совлада турскиот претставник Галатасарај. Погодокот за Порто го постигна Муса Марега во 49. минута од натпреварот.
Резултати од одиграните натпревари од второто коло и табеларен приказ по групи:
Група А:
Атлетико Мадрид - Клуб Бриж 3 : 1
Борусија Дортмунд - Монако 3 : 0
Група Б:
ПСВ - Интер 1 : 2
Тотенхем - Барселона 2 : 4
Група Д:
Локомотив Москва - Шалке 04 0 : 1
Порто - Галатасарај 1 : 0