Bakir Tiro
06 Септември 2018•Ажурирај: 06 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Денеска со натпреварот Казахстан - Грузија, во Астана, со почеток во 16:00 часот ќе започне Лигата на нации, ново натпреварување на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), јавува Andolu Agency (AA).
Првиот натпреварувачки ден во Лигата на нации „А“, односно во елитното друштво ќе биде одигран вистински дерби натпревар. Германија во 20:45 часот, на „Алијанц арена“ во Минхен ќе ја пречека репрезентацијата на Франција. Тоа ќе биде дуел на светски прваци - Франција, последниот светски шампион од СП во Русија и нејзиниот домаќин, репрезентацијата на Германија, шампионот од СП во Бразил 2014 година.
Вечерва во Лигата „Д“, со почеток во 20:45 часот, репрезентацијата на Македонија му гостува на Гибралтар, додека во истиот термин, Словенија, во Лигата „Ц“, во Љубљана ја пречекува репрезентацијата на Бугарија.
- Парови и термини на денешните натпревари
Лига „А“
МИНХЕН - Група 1: Германија - Франција (20:45 часот)
Лига „Б“
УХЕРСКО ХРАДИШТЕ - Група 1: Република Чешка - Украина (20:45 часот)
КАРДИФ - Група „4“: Велс - Република Ирска (20:45 часот)
Лига „Ц“
ЉУБЉАНА - Група 3: Словенија - Бугарија (20:45 часот)
ОСЛО - Група 3: Норвешка - Кипар-Грчки дел (20:45 часот)
Лига „Д“
АСТАНА - Група 1: Казахстан - Грузија (16:00 часот)
ЕРЕВАН - Група 4: Ерменија - Лихтенштајн (18:00 часот)
РИГА - Група 1: Латвија - Андора (20:45 часот)
ГИБРАЛТАР - Група 4: Гибралтар - Македонија (20:45 часот)