Ekip
04 Мај 2018•Ажурирај: 05 Мај 2018
НИОН (АА) - Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Џејмс Палота, претседател на Рома, поради коментарите за судиите по реваншот на натпреварот во полуфиналето од Лигата на шампионите, во која неговиот клуб беше елиминиран од Ливерпул, јавува Anadolu Agency (AA).
Од УЕФА велат дека Палота е обвинет за несоодветно однесување.
Дисциплинска комисија на УЕФА одлуката за можна казна за американскиот бизнисмен ќе ја донесе на 31 мај, пет дена по финалето на Лигата на шампионите.
Палота бил лут поради судските одлуки на штета на Рома, особено поради несудениот пенал за очигледното играње со рака од Трент Александар-Арнолд, играчот на Ливерпул во шеснаесетникот. Тој по натпреварот ја повика УЕФА да воведе судски видео асистент (VAR) или ваквите грешки ќе ствараат апсолутна штета.
Рома во реваншот на полуфиналето победи со 4:2, но не се квалификуваше за финалето поради поразот од 2:5 во првиот натпревар на Енфилд Роуд. Финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на 26 мај на Олимпискиот стадион во Киев.