Ahmet Furkan Mercan
28 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
ТОКИО
Министерството за внатрешни работи и комуникација на Јапонија соопшти дека олимпискиот факел за прв пат ќе се прикаже во префектурата Ишикава на 7 ноември, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Олимпискиот факел до 16 март ќе патува во 73 области во префектурите Мие, Ехиме, Оита, Хирошима, Хокаидо, Осака, Нара, Гифу, Фукуока, Нигата, Кочи, Јамагучи и Ивате.
Факелот што ќе стигне до локациите каде што се одржува Олимпијадата, ќе го започне своето патување од Фукушима на 25 март и ќе посети 859 области низ целата земја.
Министерката Такеда Рјота на прес-конференцијата, осврнувајќи се на критиките за губење на синергијата за игрите поради епидемијата од Ковид-19, рече: „Се надеваме дека факелот ќе ја зајакне возбудата на Олимписките игри.“
Факелот беше запален на 12 март во кампусот „Олимпија“ во Грција, а на 18 март стигна во Јапонија. Откако кратко време беше прикажан во Мијаги, Ивате и Фукушима, донесен е во Токио.
Меѓународниот олимписки комитет (IOC) на 24 март соопшти дека е одлучено Олимписките игри во Токио да се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.