Hüseyin Burak Demirer
27 Август 2021•Ажурирај: 28 Август 2021
АНКАРА (АА) - Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека реализира разговори за евакуација на спортистите од Авганистан каде што талибанците презедоа контрола врз администрацијата на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Претседателот, како и генералниот секретар на ФИФА, одблизу ја следат состојбата и работат заедно со владите и надлежните институции за извлекување од Авганистан на лицата кои се наоѓаат под ризик“, се вели во соопштението на ФИФА.
„Претседателот на ФИФА лично е ангажиран со преговори во врска со евакуацијата на фудбалерите и другите спортисти“, се додава во соопштението.
Од ФИФА се наведува дека земајќи ја предвид исклучително тешката, сензитивна и променлива состојба на терен, во оваа фаза не споделуваат повеќе детали.