Hüseyin Burak Demirer
05 Октомври 2018•Ажурирај: 07 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Во Јапонија во недела ќе се одржи 17. трка од овогодинешниот светски шампионат во Формула 1, јавува Anadolu Agency (AA).
Во јапонскиот град Сузука, на истоимената патека со должина од 5.807 километри, возачите на Формула 1 во недела ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе извози 53 круга. Натпреварувањето за пол-позиција е закажано за сабота со почеток во 08:00 часот по средноевропско време, а трката ќе се одржи во недела, 7 октомври, со почеток во 07:10 часот.

Останаа уште 5 трки до крајот на сезоната во Формула 1. Британецот Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, се наоѓа на лидерската позиција со 50 поени предност пред второпласираниот возач на Ферари, Себастијан Фетел, за кого оваа трка има голема важност за останување во трката за шампионската титула.
Во досегашните трки, Хамилтон извојува 8 победи, Фетел 5, додека возачите на Ред бул - Таг Хојер, Рикардо и Ферштапен, имаат две победи Даниел Рикардо, а Макс Ферштапен една победа.
Пред трката за „Големата награда на Јапонија“, пласманот на првопласираните 5 возачи и тимови во Формула 1 е следниот:
Пласман на пилоти:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија) 306 поени
2. Себастијан Фетел (Германија) 256
3. Валери Ботас (Финска) 189
4. Кими Раиконен (Финска) 186
5. Макс Ферштапен (Холандија) 158
Пласман на тимови:
1. Мерцедес: 495 поени
2. Ферари: 442
3. Ред бул: 292
4. Рено: 91
5. Хаас: 80