Fatih Erel
06 Април 2024•Ажурирај: 07 Април 2024
АНКАРА (АА) - Холандскиот возач на Формула 1 и светскиот првак Макс Верстапен, возач на Ред Бул, ја освои првата полпозиција на утрешната четврта трка сезоната, што ќе се вози во Јапонија, известува Анадолу.
На патеката „Сузука“ во Јапонија, долга 5.807 метри, една од најтешките светски патеки, денес се возеа квалификациите за стартни позиции, на кои најдобро време имаше Макс Верстапен.
Холанѓанецот постигна време 1 минута, 28 секунди и 197 илјадити делови од секундата, со што ја освои и својата четврта полпозиција оваа година. Од втората стартна позиција на трката за Големата награда на Јапонија ќе стартува Мексиканецот Серхио Перез, исто така од Ред Бул, со заостанување од 0.066 секунди.
Британецот Ландо Норис, од Мекларен, зад Верстапен заостана 0.292 секунди и ја освои третата стартна позиција.
Трката на патеката „Сузука“ ќе стартува утре во 7:00 часот.