Yunus Kaymaz
26 Јули 2019•Ажурирај: 27 Јули 2019
ИСТАНБУЛ
Светскиот шампионат во Формула 1 продолжува неделава во Германија со 11. трка сезонава, јавува Anadolu Agency (AA).
Во германската покраина Баден-Виртемберг се наоѓа патеката „Хокенхајм“, која е со должина од 4.574 метри. Во неделната трка за Големата награда на Германија, возачите на Формула 1 ќе се борат кој најбргу ќе ги извози 67-те круга. Во сабота со почеток во 15:00 часот ќе започне трката за полпозициите, а трката за ГН на Германија ќе се одржи во недела на 28 јули со почеток во 15:10 часот.

Мерцедес, кој во последните 5 години е шампион во натпреварувањето на возачите и тимовите во Формула 1, во досегашните 10 трки избори 9 победи. Актуелниот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон во болидот на Мерцедес извојува 7 победи, додека неговиот колега Валтери Ботас победи на 2 трки.
Макс Верстапен од тимот на Ред Бул - Хонда еднаш успеа да победи сезонава во трките од Формула 1.
Пласман на првите пет возачи и тимови во Формула 1 пред трката за ГН на Германија:
Пласман на возачи:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија) 223 поени
2. Валтери Ботас (Финска) 184
3. Макс Верстапен (Холандија) 136
4. Себастијан Фетел (Германија) 123
5. Шарл Леклер (Монако) 120
Пласман на тимови:
1. Мерцедес 407 поени
2. Ферари 243
3. Ред Бул - Хонда 191
4. Мекларен 60
5. Рено 39