Hüseyin Burak Demirer
07 Декември 2022•Ажурирај: 08 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Во рамките на Светскиот шампионат во Формула 1 во сезоната 2023 година ќе се одржат 6 спринтерски трки, известува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението објавено на интернет-страницата на Формула 1, бројот на спринтерски трки, кои за првпат беа организирани во сезоната 2021 година, следната сезона ќе се зголеми од 3 на 6.
На трките за Големата награда на Азербејџан, Австрија, Белгија, Катар, САД и Бразил, првиот ден од викендот на Формула 1 ќе се одржат квалификациските тури, додека вториот ден на програмата ќе биде спринт-трката.
Возачите кои ќе ги освојат првите осум места во спринт-трката ќе освојат: 8 бода за првото место, сразмерно, до1 бод за осмото место.
Возачите неделната трка ќе ја започнат од полпозицијата врз основа на местата освоени на спринтерската трка.