Hüseyin Burak Demirer
08 Февруари 2021•Ажурирај: 10 Февруари 2021
АНКАРА
Тимот од Формула 1, Мерцедес, соопшти дека британскиот пилот Луис Хамилтон и во 2021 година ќе биде дел од овој тим, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Позитивнo се завршени преговорите помеѓу тимот на Мерцедес и Хамилтон, чиј договор заврши на крајот на 2020 сезона.
Во соопштението на овој тим се наведува дека е потпишан едногодишен договор со 36-годишниот пилот.
Хамилтон го постигна првиот шампионат во Ф1 во 2008 година, кога се тркаше за тимот на Мекларен, додека во 2013 година беше трансфериран во Мерцедес.
Британскиот пилот со овој тим стана првак во 74 трки и освои 6 шампионати.