Selçuk Buğra Gökalp
20 Декември 2022•Ажурирај: 21 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Фотографијата на Лионел Меси со победничкиот трофеј од Светското првенство во фудбал 2022 доби најмногу лајкови од која било слика објавена досега на Инстаграм, јавува Агенција Анадолија (АА).
Денес, објавата на Меси насловена како „ШАМПИОНИ НА СВЕТОТ!!!!!!!“ доби над 60 милиони лајкови на платформата откако беше објавена во неделата и го надмина дотогашниот рекордер, познатата инстаграм-фотографија на јајце.
Фотографијата на јајце собра повеќе од 56,5 милиони лајкови откако беше објавена на почетокот на 2019 година од корисникот world_record_egg. Сега веќе е втор по ред рекордер во лајкови.
На фотографијата Меси го крева трофејот на Светското првенство и ја слави победата на Аргентина над шампионот од 2018 година, Франција.
Објавата претходно доби најмногу лајкови од која било слика објавена од спортист на Инстаграм, надминувајќи ја објавата на Кристијано Роналдо во ноември во која напаѓачот на Португалија и Меси играат шах, која собра околу 42 милиони лајкови на Инстаграм.
Роналдо ја објави на 19 ноември, еден ден пред почетокот на Светското првенство.
Меси има 403 милиони следбеници на Инстаграм.
Во неделата, Аргентина предводена од Меси ја победи Франција со резултат од 4:2 на пенали и победи на Светското првенство.