Dejan Maksimoviç
02 Август 2019•Ажурирај: 03 Август 2019
НИОН (АА) - Стефани Фрапарт ќе суди на Суперкупот на Европа во кој ќе се сретнат Ливерпул и Челзи, на 14 август во Истанбул. Така, 35-годишната Французинка ќе стане првата жена во историјата што ќе суди натпревар во машка конкуренција на Европската фудбалска федерација (УЕФА), пренесува Anadolu Agency (AA).
Француската судијка неодамна ја делеше правдата во финалето на Светското првенство за жени, во кое се сретнаа Соединетите Американски Држави и Холандија. Американките славеа победа со резултат 2:0.
Фрапарт веќе имаше можност да суди натпревар на кој играа машки тимови во француската елитна Лига 1, кога во април судеше на натпреварот Амеинс - Стразбур. Таа сега оди чекор подалеку и ќе стане првата жена која ќе суди на натпревар на машки тимови спонзориран од УЕФА.
Фрапарт нема да биде сама бидејќи ќе ѝ асистираат нејзините колешки Мануела Николоси (Франција) и Мишел О’Нил (Република Ирска). Четвртиот судија ќе биде Турчинот Џунејт Чакир.
Натпреварот од Суперкупот на Европа, односно дуелот помеѓу победникот од Лигата на шампионите и Лига Европа, ќе се одигра на 14 август на стадионот на Бешикташ со почеток во 21 часот. За првпат, во Суперкупот ќе биде користен судискиот видеоасистент (VAR).