Mehmet Fatih Duman
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалерот на Галатасарај, Јасин Озтекин, вчера го прослави голот против Газијантепспор со припадниците на специјалната полиција, кои ги поздрави, а потоа ги прегрна, во чест на жртвите од терористичкиот напад во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Играчот на „црвено-жолтите“ ја подели радоста по првиот гол со припадниците на специјалните единици, кои се наоѓаа покрај теренот.
Во саботниот терористички напад, два часа по натпреварот Бешикташ – Бурсаспор во Истанбул, загинаа 44 лица. Во нападот загинаа и 36 припадници на безбедносните сили.
Озтекин во 14. коло на супер лигата Спор тото постигна хет-трик. Оваа сезона во лигата тој постигна шест гола, а ова беше првиот хет трик во неговата кариера.
Натпреварот заврши со победа на Галатасарај, со резултат 3 : 1.