Çetin Arslancan
19 Ноември 2016•Ажурирај: 20 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Во Истанбул утре ќе биде одигран интерконтитенталниот фудбалски дерби и еден од најголемите дерби мечови на светот помеѓу клубовите Фенербахче и Галатасарај, што ќе биде и 384 средба на овие два клуба, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот меч помеѓу Фенербахче и Галатасарај одигран е далечната 1909 година на денешниот стадион Улкер, а во тоа ривалство кое трае 107 години, екипата на „жолтите канаринци" беше подобра и по бројот на победите и по бројот на постигнатите голови.
Во 383 одиграни натпревари Фенербахче како победник славеше во 144 средби, додека екипата на Галатасарај славече во 123 натпревари. Истовремено, 116 средби се одиграни нерешено. Фенербахче постигна 529 гола, а Галатасарај 482.
- Фенер и Галата играат 119. натпревар во лигата -
Кога се во прашање средбите во рамките на турската прва Супер лига, истанбулските ривали одиграа вкупно 118 натпревари од кои Фенербахче славеше во 48, Галатасарај во 33, а 37 беа нерешени.
Она што е исто така интересен детаљ е фактот дека овие два клуба во меѓусебните средби во текот на последните четири сезони не се поразени на домашните терени.
Натпреврот на стадионот Улкер е на распоред за утре во 20 часот по локално време.
Вака изгледаат резултатите во последните десет натпревари одиграни помеѓу 10 истанбулските ривали Фенербахче и Галатасарај:
Датум | Стадион | Натпревар | Резултат (ФБ-ГС) |
12.05.2013 | Шукру Сараџоглу | Super Liga | 2 - 1 |
11.08.2013 | Кајсери Кадир Хас | Super Kup | 0 - 1 (Прод.) |
10.11.2013 | Шукру Сараџоглу
| Super Liga | 2 - 0 |
06.04.2014 | Турк Телеком | Super Liga | 0 - 1 |
25.08.2014 | Маниса 19 мај | Super Kup | 0 - 0 (Пен.3-2) |
18.10.2014 | Турк Телеком | Super Liga | 1 - 2 |
08.03.2015 | Шукру Сараџоглу
| Super Liga | 1 - 0 |
25.10.2015 | Улкер | Super Liga | 1 - 1 |
13.04.2016 | Турк Телеком | Super Liga | 0 - 0 |
26.05.2016 | Анталија | Kup Turske | 0 - 1 |