Can Erözden
20 Април 2022•Ажурирај: 21 Април 2022
АНКАРА (АА) - Фудбалскиот клуб Фулам, член на англискиот Чемпионшип, повторно ќе игра во англиската Премиер лига во сезоната 2022/2023, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тимот на Фулам, лидер на англискиот Чемпионшип го победи Престон Норт Енд со 3:0 на домашен терен и го обезбеди своето враќање во англиската Премиер лига. Фулам испадна од Премиер лигата во мај 2021 година и се пресели во шампионатот „Скај Бет“.
Српскиот напаѓач на Фулам, Александар Митровиќ, постигна два гола против Престон Норт Енд, а Фабио Карваљо, португалскиот играч од средниот ред, еднаш ја затресе противничката мрежа.
Митровиќ ја игра сезона од соништата во Фулам, бидејќи 27-годишниот играч постигна 40 погодоци на 40 натпревари, што е рекорд во една сезона во англискиот Чемпионшип.
Фулам со постигнати 86 бода на 42 натпревари обезбеди едно од првите две места во англискиот Чемпионшип кои водат во Премиер лигата. Второпласираниот Борнмаут постигна 77 бода на 41 натпревар, додека третопласираниот Хадерсфилд Таун на 43 натпревари освои 73 бода.
Сезоната 2021/2022 во „Скај Бет“ Чемпионшип, каде членуваат 24 англиски тимови, завршува на 7 мај по одигрувањето на 46. коло.