Yunus Kaymaz
21 Април 2022•Ажурирај: 22 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Манчестер Јунајтед, еден од најголемите европски клубови, член на англиската Премиер лига, соопшти дека за нов тренер на екипата е назначен Холанѓанецот Ерик тен Хаг, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на клубот се истакнува дека со 52-годишниот тренер е потпишан договор од следната сезона до јуни 2025 година.
Во изјавата објавена на клупската веб-страница, Ерик тен Хаг, истакнувајќи дека за него претставува голема чест да биде тренер на Манчестер Јунајтед, нагласи: „Многу сум возбуден. Ја знам прекрасната историја на клубот и страста на навивачите. Решен сум да го развиеме тимот за да може клубот да го постигне успехот којшто го заслужува.“
Искусниот тренер, кој од 2017 година е тренер на холандскиот Ајакс, освои вкупно пет титули, од кои две како шампион во Холандската прва лига.
Ерик тен Хаг ќе биде петтиот тренер на екипата од Манчестер, по пензионирањето на Алекс Фергусон.