Mutlu Demirtaştan
21 Јануари 2023•Ажурирај: 25 Јануари 2023
ЛОНДОН (АА) - Челси го донесе англискиот фудбалер Нони Мадуеке од холандски ПСВ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Челси го потврди трансферот на 20-годишниот крилен напаѓач и додаде дека Мадуеке потпишал договор на седум и пол години со опција за продолжување на соработката на уште една година.
Младиот фудбалер ја започна кариерата во Кристал Палас, а во 2018 година потпиша за холандскиот ПСВ, во кој на 80 натпревари постигна 20 гола.
Мадуеке настапуваше за сите младински селекции на Англија, меѓу кои и У21.