Selçuk Buğra Gökalp
22 Јануари 2023•Ажурирај: 22 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Кристијано Роналдо денес ќе го направи своето официјално деби со неговиот нов клуб, Ал-Наср, против Ал-Етифак во Саудиската професионална лига, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Целиот свет чека. Сите очи се вперени во Ал-Наср. Роналдо го прави своето прво деби со својот клуб Ал-Наср“, објави клубот на Твитер.
Португалската ѕвезда се појави на пријателскиот натпревар во Ријад во четвртокот кога Париз Сен Жермен (ПСЖ) предводен од Меси го победи Ол-стар Ријад, чиј капитен беше Роналдо, со резултат 5:4 на стадионот „Крал Фахд“.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ стана слободен играч во ноември, откако ја прекина соработката со Манчестер јунајтед.
37-годишникот, кој има играно и за Спортинг Лисабон, Јувентус и Реал Мадрид, му се приклучи на Ал-Наср на 1 јануари.
Роналдо е петкратен освојувач на Лигата на шампиони на УЕФА, четири пати со Реал Мадрид и еднаш со Манчестер јунајтед.
Тој ја предводеше Португалија до титулата на ЕВРО 2016 на УЕФА.