Erbil Başay
21 Мај 2019•Ажурирај: 22 Мај 2019
БЕРЛИН (АА) - Клубот од германската прва фудбалска лига (Бундеслига), Борусија Дортмунд, во своите редови го донесе германскиот репрезентативец Нико Шулц, кој го носеше дресот на Хофенхајм, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Борусија Дортмунд, со 26-годишниот Нико Шулц е потпишан договор на пет години, односно до 30 јуни 2024 година.
Покрај Хофенхајм, одбранбениот играч Шулц ги носеше и дресовите на Херта Берлин и Борусија Минхенгладбах.
Тој во Бундеслигата одигра вкупно 122 натпревари, во кои постигна четири погодоци.
Шулц, кој е меѓу најбрзите фудбалери во Бундеслигата, шестпати го носеше дресот на германската репрезентација.