Ata Ufuk Şeker
09 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
БРИСЕЛ (АА) – Претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц порача: „Гласачите одлучија во САД. Победата на Доналд Трамп не е спорна и треба да се почитува. Им честитам на Трамп и на Републиканците за победата“, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод новоизбраниот претседател на САД, Шулц даде писмена изјава во која истакна: „Гласачите одлучија во САД. Победата на Доналд Трамп не е спорна и треба да се почитува. Им честитам на Трамп и на Републиканците за победата“.
Шулц во однос на изборите во САД: „Мора да се насочи вниманието на ведродостојни политики и понуди. Нема да се памети оваа кампања како најдобра во САД. Острите критики и поларизацијата во врска со изборите, станаа двигател на раздорот во државата. Трамп ќе има тешка задача, да го обедини разединетиот народ“.
Според Шулц, Трамп во врска со надворешните односи и иднината на државата остави многу прашања без одговор.
„Дипломатската улога на Трамп и способноста за договарање во врска со Сирија, Ирак, Украина, Либија, ќе бидат на тест уште од првиот ден од неговата нова функција. Овие теми бараат комбинација од одговорност, трезвеност и умерена количина на лидерство“, истакна тој.
Шулц рече дека глобалната политика има постојано потреба од ангажираноста на САД, па според ова, се очекува претседателот на САД да биде отворен кон надвор.
Потсетувајќи дека најголемиот трговски соработник на САД е ЕУ, тој рече оти двете економии го донесоа бруто општествениот производ на ниво на повеќе од 40 отсто, а трговскиот тек е некаде околу една третина на светско ниво.
На крајот Шулц истакна дека партнерството на ЕУ и САД во врска со борбата против тероризмот е на научно и академско ниво.
„Односите меѓу ЕУ и САД се клучна компонента за глобалната стабилност. ЕУ е посветена на продолжување на соработката со САД. Се надеваме дека и ставот на новоизбраниот претседател е тој“, изјави Шулц.