Bakir Tiro
05 Јуни 2024•Ажурирај: 07 Јуни 2024
ПАРИЗ (АА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со години еден од најдобрите во светот, утрово е опериран во Париз откако се повреди на Ролан Гарос, пренесува Анадолу.
Ѓоковиќ се повреди во текот на мечот од осминафиналето против Франциско Серундоло, поради што мораше да го заврши настапот на овој Грен слем турнир.
Според првите прогнози на лекарите по операцијата, закрепнувањето на Ѓоковиќ би требало да трае три недели и најверојатно ќе го пропушти следниот Грен слем турнир од сезоната, Вимблдон во Лондон.