Emrah Oktay
06 Јуни 2024•Ажурирај: 07 Јуни 2024
АНКАРА (АА)
Домаќинот на 17. Европско фудбалско првенство (ЕВРО 2024), репрезентацијата на Германија, која се наоѓа во групата „А“, ќе ги одмери силите против селекциите на Шкотска, Унгарија и Швајцарија, известува Анадолу.
Првото Европско фудбалско првенство е одиграно во 1960 година и се организира на секои четири години. Оваа година ЕВРО 2024 ќе се одржи во Германија, во период од 14 јуни до 14 јули во времетраење од 51 ден.
Европското фудбалско првенство ЕВРО 2024 ќе започне со натпреварот меѓу селекциите на Германија и Шкотска. Средбата е закажана за 14 јуни на „Алијанц арена“ во Минхен со почеток во 21 часот.

- Германија
Репрезентацијата на Германија во својата фудбалска историја има освоено четири светски првенства, три европски првенства и еден Куп на конфедерации. Несомнено е дека таа е еден од главните фаворити за освојување на шампионската титула на ЕВРО 2024.
- Шкотска
Шкотска, една од четирите земји што го сочинуваат Обединетото Кралство, инаку позната и како лулка на фудбалот, четврти пат во историјата се пласираше на Европско фудбалско првенство.
Претходно таа учествуваше на европските првенства во 1992, 1996 и 2020 година. Сепак, на ниеден турнир досега Шкотска не успеа да ја помине групната фаза од натпреварувањето.
- Унгарија
Селекцијата на Унгарија досега четирипати учествуваше на ЕП, при што двапати се пласираше во полуфиналето. Унгарија го освои третото место на своето прво учество на Европското првенство во 1964 година, а како четврта заврши на турнирот во 1972 година.
Следните 44 години Унгарија не успеа да се квалификува на едно ЕП, а тоа повторно ѝ успеа во 2016 година, при што ја помина групната фаза. На претходното Европско првенство во 2020 година Унгарија избори пласман на Европското првенство, но не успеа да ја помине групната фаза.
- Швајцарија
Швајцарија, која во својата историја досега петпати учествуваше на ЕП, последниве години привлече внимание на себе со настапите на европските првенства. „Црвено-белите“ не можеа да ја поминат групната фаза на европските првенства во 1996, 2004 и 2008 година, а не се пласираа во натпреварувањето во 2012 година.
На шампионатот во 2016 година Швајцарија успеа да ја помине групната фаза, а на последниот шампионат во 2020 година избори настап во четвртфиналето.