Barış Seçkin
22 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
РИМ (АА) - Маурицио Аривабене, извршниот директор на фудбалскиот клуб Јувентус, еден од тимовите на италијанската прва фудбалска лига (Серија А), инфорираше дека аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала не е вклучен во неговите идни проекти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за италијанските медиуми, Аривабене истакна дека договорот на 28-годишната аргентинска ѕвезда, кој истекува на крајот на оваа сезона, нема да биде обновен.
„Дибала повеќе не е во рамките на идниот проект на Јувентус. Неговиот квалитет никогаш не беше предмет на дискусија, но направени се други избори. Денес имавме сериозен состанок со Пауло (Дибала). Сега го имаме (Душан) Влаховиќ. Во јануарскиот преоден рок променет е системот на Јувентус.“
Според податоците на веб-страницата „Transfermarkt“, Пауло Дибала кој потпиша за Јувентус во 2015 година на 283 натпревари постигна 113 гола.
Дибала со Јувентус досега има освоено 5 титули во Серија А, 4 Купа на Италија и 3 Суперкупа на Италија.
Извесен период владееше љубопитност дали аргентинскиот фудбалер ќе остане во Јувентус или ќе си замине.