Gökhan Ergöçün
09 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Турската национална авиокомпанија „Turkish Airlines“ (THY) (Туркиш Ерлајнс) забележа пораст на бројот на патици за 6,9 отсто во првите девет месеци од 2017 година, во однос на истиот период минатата година, остварувајќи нов рекорд на ова поле, пренесува Anadolu Agency (AA).
Компанијата соопшти дека во периодот од јануари до септември оваа година забележан е рекорден број на патници од 51,5 милиони.
Само во септември, авиокомпанијата „Turkish Airlines“ имала 6,7 милиони патници, 13 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година.
Најголем пораст на патниците минатиот месец е забележан во Северна Америка (10,3 отсто) и во регионот на Далечниот Исток (6,3).
„Turkish Airlines“ во првата половина од 2017 година оствари вкупен приход од 4,6 милијарди долари, летајќи на 301 дестинација во 120 земји.
Една од водечките светски авиокомпании, минатата година превезе 62,8 милиони патници, што е за 2,5 отсто повеќе во однос на 2015 година.