Handan Kazancı
21 Април 2017•Ажурирај: 22 Април 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Бебето родено овој месец, за време на летот на Turkish Airlines (Туркиш ерлајнс), во иднина ќе добие поддршка од овој авиопревозник, изјави претседателот на компанијата Илкер Ајџи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ајџи изјави дека женското бебе родено на летот од Гвинеја за Турција, од Turkish Airlines ќе добие поддршка за време на образованието.
„Нашата компанија еден ден би сакала да ја види како член на персоналот на Turkish Airlines“, истакна Ајџи.
Претходно овој месец, Диаби Нафи, француско-гвинејска државјанка, роди здраво бебе за време на летот. Со помош на персоналот, кој е обучен за такви непредвидливи ситуации, Нафи се породи на надморска височина од 13.000 метри.
Девојчето го доби името Кадију, а Ајџи нагласи дека е среќен што таа и нејзината мајка се живи и здрави.