Seyit Aydoğan
03 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
ОТАВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во интервју за канадскиот магазин „Ottawa Life Magazine“ истакна дека воената поддршка на американската војска на терористите на ПЈД/ЈПГ ја доведува во опасност безбедноста на границата на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Воената поддршка која американската војска ја дава на терористите на ПЈД/ЈПГ не само што ја доведува во опасност безбедноста на Турција туку истовремено го труе и нашето партнерство која трае веќе подолг временски период“, изјави Чавушоглу.
Сепак, нагласи дека Турција и понатаму одржува контакти со САД на високо ниво.
„Турција и САД веќе долго се сојузници и нашите односи во поглед на траење често беа тестирани. Затоа ги продолжуваме контактите со САД на високо ниво, а веруваме и во значењето на нашата отворена комуникација“, изјави Чавушоглу.
На прашањето за состојбата во Сирија, истакна дека за иднината на Сирија ќе одлучуваат сами Сиријците.
„Историјата ни вели дека на крајот главен збор има волјата на народот. Ќе продолжиме со напорите за преговорите во Астана, Сочи и Женева да имаат конкретни резултати и 2018 година да биде последна година на судири во Сирија“, изјави турскиот шеф на дипломатија.
На новинарското прашање за статусот на Ерусалим (Кудс), Чавушоглу истакна дека е потребно да се сторат напори за да се заштити овој град.
„Заштитата на Ерусалим е задача на целото човештво. Никој нема право да донесува еднострани или произволни одлуки за статусот на Ерусалим “, изјави Чавушоглу.
На крајот зборуваше и за односите на Турција со ЕУ, напоменувајќи дека членството во Унијата е сеуште една од најважните цели на неговата земја.
„За нас членството во ЕУ е стратешка цел. Сепак, моментално имаме криза на доверба меѓу Турција и ЕУ. Одлучни сме да задржиме отворен дијалог и да го надминете овој проблем“, изјави Чавушоглу, додавајќи дека очекува ЕУ конечно да се откаже од двојните стандарди во поглед на Турција.