Sarp Özer
23 Мај 2017•Ажурирај: 24 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на турската војска, Хулуси Акар, ја следеше воената вежба „Денизкурду 2017“ (морски волк), и ноќта ја помина на фрегатата на Командата на поморските сили на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Најголемата планирана вежба на Командата на поморските сили „Денизкурду 2017” (Морски волк) продолжува во турските води на Мраморното и Егејското Море, во источниот дел на Средоземното Море, како и во меѓународните води и во воздушниот простор.
Во вежбата учествуваат сите пловечки, летечки и нуркачки елементи на Командата, а со неа управува командантот на морнарицата, Вејсел Коселе.
Вежбата се одржува на секои две години, а оваа година започна на 13 мај.
Во синоќешниот дел од вежбата присуствуваше и командниот врв на Турските вооружени сили (ТСК).
Екипата на АА ја следеше вежбата од фрегатата ТЏГ Кемалреис.
Акар со хеликоптер дојде во морската база „Аксаз“ во Мармарис, од каде што со неколку команданти премина во пристаништето, а екипажот на бродот Акар и делегацијата ги дочека на пригоден начин.
Откако бродот исплови, започна вежбата.
Се огласи аларм, а во вежбата што следеше учествуваа два хеликоптера и авион на поморска патрола, како и два брода.
Акар ја следеше вежбата од командниот центар на бродот, а откако во согласност со сценариото е отстранета заканата под површината на морето, Акар премина на горниот дел од бродот.
По делот во кој успешно се изведени вежбите со пукање, Акар изјави дека сите вежби на ТСК се изведени во согласност со меѓународното право.
Според неговите зборови, ТСК се подготвени за секој вид на задача за заштита на земјата којашто од три страни е опкружена со море и оти оваа вежба уште еднаш тоа го покажала.
„Нашите вооружени сили без одмор ја продолжуваат борбата против терористите, било во земјата или надвор од неа, првенствено во Сирија и во Ирак. Борбата против терористите, како и терористичките организации ПКК/ПЈД/ЈПГ/ФЕТО и ДЕАШ ќе продолжи сѐ додека и последниот терорист не биде неутрализиран“, рече Акар.
Вежбата ќе трае до 26 мај.