Sarp Özer
04 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
АНКАРА (AA) - Министерот за одбрана на Република Турција, Фикри Ишик, во врска со вчерашното отворање оган од страна на Грција, на турски товарен брод во Егејското Море, порача дека тоа нешто нема врска со разумот и логиката и оти тоа не може да се објасни, јавува Anadolu Agency (AA).
Ишик се осврна на вчерашниот инцидент кога од пловило од грчката крајбрежна стража беше отворен оган на транспортен број, кој во меѓународни води, пловеше под турско знаме.
„Да отворите оган на транспортен брод што патува во меѓународни води е невозможно да се објасни во рамките на разумот и логиката", рече Фикри Ишик.
Министерството за надворешни работи на Турција остро го осуди отворањето оган од бродот на грчката крајбрежна стража кон турскиот транспортен брод.
До инцидентот дојде во меѓународни води, во близина на островот Родос. На бродот се видливи траги од куршуми, но немаше ранети.