Efe Özkan
20 Август 2025•Ажурирај: 21 Август 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека планот на Владата на Нетанјаху целиот Појас Газа да го стави под израелска воена контрола е неприфатлив, јавува Анадолу.
За време на телефонскиот разговор со холандскиот премиер Дик Схоуф двајцата лидери разговарале за односите меѓу Турција и Холандија, како и за регионалните и глобалните прашања, според објавата на Директоратот за комуникации на турската платформа за социјални медиуми NSosyal.
Во текот на телефонскиот разговор Ердоган изјави дека е задоволство да се види како се зајакнува партнерството меѓу Турција и Холандија и дека ќе продолжат да преземаат чекори за унапредување на соработката меѓу двете земји, особено во одбранбената индустрија.
Тој, исто така, рече дека Турција работи кон праведен и траен мир за да се стави крај на војната меѓу Украина и Русија и дека Турција, како домаќин на Истанбулскиот процес, ќе продолжи со своите напори.