Orhan Onur Gemici,Sertaç Bulur
08 Март 2018•Ажурирај: 10 Март 2018
АНКАРА (AA) - ОРХАН ОНУР ГЕМИЏИ - СЕРТАЧ БУЛУР - „Ние сме жени кои во рацете повеќе имаме оружје, отколку тесто. Имаме сила да расчистуваме и во планините и во домот“, изјави жандармерискиот поручник Озлем Ѓорен, јавува Anadolu Agency (AA).
Жандармерискиот поручник Озлем Ѓорен, тимски командант на Академијата за жандармерија и крајбрежна стража, 9 години работи деноноќно во обуката на нови офицери.
Поручничката Ѓорен по повод 8. Март - Светскиот ден на жената, на дописникот на АА му ги раскажа своите чувства од носењето униформа, истакнувајќи дека уште од детството посакувала да работи во жандармеријата.
Ѓорен, опишувајќи се себеси како „среќна“, бидејќи е дел од оваа формација, посочува дека е родена за да биде војник и дека не може да работи ниту една друга професија, освен оваа.

Ѓорен нагласувајќи дека и покрај тоа што работата во жандармерија е придружена со многу тешкотии, рече дека оваа работа смирува, и за жените што работат во жандармерија го истакна следното: „Немаме определени работни денови. Работиме 24/7. Немаме празници, бидејќи во деновите кога сите се забавуваат, жандармеријата мора да го одржува ред. Во нашата професија не постои родова дискриминација. Работата што ја правиме е света. Ова не е прашање за род, ова е прашање за татковината. Женката на лавот, сепак се вика лав“, рече таа.
- „Ние сме жени кои во рацете повеќе имаме оружје, отколку тесто“ -
„Ние сме жени кои во рацете повеќе имаме оружје, отколку тесто. Имаме сила да расчистуваме и во планините и во домот“, рече Ѓорен, истакнувајќи дека одбраната на татковината е најсвета и дека не постои откажување поради тешкотиите.
Верувајќи дека нејзината професија бара жртвување и дека нејзиното семејство се навикнало на оваа ситуација, Ѓорен наведе дека порано во жандармеријата сите што работеле биле мажи, но откако се зголемила сензитивноста во општеството покачен е бројот на жени што се вработени во жандармеријата.

Таа посочи дека да се биде вработен во жандармерија е животен стил и тука нема поделба на мажи и жени.
Зборувајќи дека секој ден му се заблагодарува на Бога поради носењето жандармериска униформа, Ѓорен истакна дека својата професија ја работи со гордост и возбуда исто како што тоа го правела првиот ден.
- „Нашите женски подофицери би потрчале во Африн, ако им се наложи" -
Ѓорен на жените што сакаат да ја работат оваа професија, им го препорача следното:
„За успех во образовниот процес, давам се од себе да им помогнам на 400 кадетки во жандармеријата кои се успешни во обуката, амбициозни, дисциплинирани, се однесуваат со љубов кон професијата, со национален дух и свест. Овие девојки, чии срца чукаат за љубовта кон татковината, сигурна сум дека би потрчале во Африн, ако тоа им се нареди. Доколку има жени како нас, што се заљубени во оваа земја и се подготвени да ги дадат своите животи без да им затрепери окото, тогаш тие можат да аплицираат за испитите на Генералната команда на жандармеријата“.
Поручничката Ѓорен, која ги пренесе нејзините честитки до командантите и војниците што во тешки услови се борат на терористичката зона, рече: „Господ да ни дозволи и ние да војуваме против предавниците во Африн. Тоа би било најголема чест за нас “.
Поручничката Ѓорен, на кандидатките за подофицери, на Академијата им држи обука во училница и на терен. Ѓорен им го честита 8. Март, Светскиот ден на жените, на мајките што ги родиле храбрите војници, мајките на ранетите и загинатите војници, и на сите жени херои.