Aylin Sırıklı
05 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО, извршени се операции во 20 области во Турција, при што се приведени 35 активни членови на жандармеријата, од кои 16 офицери и 19 подофицери, јавува Anadolu Agency (AA)
Според соопштението на канцеларијата на Главното јавно обвинителство во Анкара, во рамките на истрагата против ФЕТО/ПДЈ, извршена од страна на Главното јавно обвинителство, под раководство на командата на обласната жандармерија во Анкара, спроведени се операции во 20 области во Турција.
Во операциите се фатени 35 активни членови на жандармерискиот персонал, од кои 16 офицери и 19 подофицери.