Beyza Binnur Dönmez
11 Јануари 2022•Ажурирај: 17 Јануари 2022
АНКАРА
Зграда во јужна Турција, која долго време беше на врвот на резултатите на Гугл како „најсмешна зграда во светот“ ќе биде урната, според официјални лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зградата се здоби со лоши коментари поради својот чуден дизајн и бои и се претвори во обележје на Кахраманмараш.
Деловен центар за специјална провинциска администрација ќе биде заменет со плоштад по планираното уривање, соопшти градоначалникот Хајретин Ѓунѓор.
Изградена во 1994 година во централниот дел на градот, 18-катнициата беше атракција со нејзините надворешни бои, црвена, жолта и сина, а нејзините високи чудни столбови зафаќаат речиси половина од долните катови.
Уривањето се очекува да трае четири месеци и да придонесе 6,6 милиони турски лири (над 477.000 долари) во буџетот на општината.