Zehra Aydın
06 Јануари 2018•Ажурирај: 07 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - ЗЕХРА АЈДИН ТУРАПОГЛУ
Генералната дирекција за метеорологија на Турција во услугите на Виртуелниот центар за прогноза на пренос на прашина, кој е основан за земјите од Блискиот Исток и Африка, ги вклучи и земјите како што се Сенегал и Мавританија, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот директор на турската Генерална дирекција за метеорологија, Исмаил Ѓунеш, во изјава за АА истакна дека преносот на прашина има големо значење за светскиот екосистем, и рече дека основните причини на преносот на прашина се сушата и опустинувањето.
Ѓунеш потсети дека главните извори на прашина во светот се пустините во Африка, Азија, Арапскиот полуостров, Америка и во Австралија.
„Вкупниот износ на прашина од сувите и полусувите места пуштена во атмосферата изнесува 2 милијарди тони“ , рече Ѓунеш.
Половина од оваа прашина, како што рече тој, е предизвикана само од регионот на Сахара, по која следат пустините во Арапскиот полуостров.
„Медитеранскиот слив во кој е вклучена и Турција, е еден од најчувствителните региони на глобалните климатски промени“, вели Ѓунеш.
Како што рече Ѓунеш, зголемување на температурата за 2 степени целзиусови предизвикува тешки атмосферски влијанија, топлотни бранови, шумски пожари, зголемување на сушата, како и загуба во биоразновидност и земјоделската продуктивност, како и намалување на приходите од туризам во земјите на регионот.
Ѓунеш нагласи дека извештаите на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), како и активностите реализирани од страна на Генералната дирекција за метеорологија покажуваат дека Медитеранслиот слив и Турција во блиска иднина ќе имаат потопла, посува, како и понеизвесна климатска структура од аспект на врнежите.
„Според тековните климатски прогнози на IPCC, со зачестеноста зголемување на интензитетот на сушата, во регионите каде се наоѓаме се очекуваат поинтензивни бури од прашина и песок. Прогнозите направени со моделите за пренос на прашина развиени за ова намена, даваат позитивни разултати во однос на преземање на потребни мерки и упатување потребни предупрадувања од страна на надлежните институции“, додаде Ѓунеш.
Тој истакна дека поради нејзината географкса положба, Турција е под влијание на пустинска прашина од регионот на Африка и Блискиот Исток. Тој нагласи дека местата кои најмногу се погодени од пренос на прашина се населените места во близина на грнаицата со Сирија и Ирак, како и југоисточниот регион на Анадолија.
Ѓунеш информираше дека поради оваа причина Генералната дирекција за метеорологија работи со еден регионален модел за прогноза на транспорт на прашина (BSC-DREAM8b), и додаде дека овие прогнози се достапни за јавноста преку интернет.
„Покрај тоа, од 2012 година во функција е Виртуелниот центар за прогноза на пренос на прашина (www.wdcc.mgm.gov.tr), кој е основан во рамките на договорот за Соработка во областа на животната средина и метеорологија потпишан во 2010 година меѓу Турција, Иран, Ирак и Катар. 72 часовните прогнози на прашината кои се произведуваат на оперативен начин за земјите од Блискиот Исток и Северна Африка, се објавуваат на интернет. Во 2017 година, заедно со новата област на прогнози која е проширена вклучувајќи ги Мавританија и Сенегал, како и додавајќи сателитски снимки на пренос на прашината, институцијата започна со услуги во пошироки региони“ , истакна во изјава за АА Генералниот директор на турската Генерална дирекција за метеорологија, Исмаил Ѓунеш.