Kubilay Çelik
03 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Премиерот на Турција Бинали Јилдирим денеска во Анкара изјави дека турскиот парламент оваа недела ќе го разгледува предлогот за одлуката за продолжување на вонредната состојба во оваа земја за уште три месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во текот на оваа недела парламентот ќе го разледува предлогот на одлуката за продолжување на мисијата во Авганистан и предлогот на одлуката за продолжување на вонредната состојба за уште три месеци", рече Јилдирим.
Вонредната состојба во Турција е прогласена по 15 јули 2016 година, кога терористичката организација ФЕТО се обиде да изведе државен удар.
Јилдирим во обраќањето на состанокот на парламентарната група на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Парти) во Големото народно собрание на Република Турција говореше и за борбата против тероризмот, првенствено против терористичката организација ДЕАШ. Според неговите зборови, Турција е единстена која се бори против ДЕАШ, додека останатите само зборуваат.
„Ова е 133. ден од офанзивата ‘Штитот Еуфрат’. До денес се неутрализирани 1.270 припадници на ДЕАШ, а заедно со заробените, нивниот број е 1.561. Сега светот зборува за ДЕАШ, за борбата, за ова и она... Тие лажно се борат, само зборуваат. Само Турција се бори. Америка не прави ништо, ниту пак некој друг. Нема ништо освен зборови“, рече Јилдирим.
Претседателот на Партијата на правдата и развојот (АК Парти) Јилдирим потсети дека тероризмот не е прашање со кое треба да се бави само Турција, туку тоа е проблем на целиот свет.
„Очкуваме сите земји да дадат посилен глас и одговор на повикот на Турција за борбата против тероризмот. Сакаме 2017. година да биде година кога свеста на сите земји за борбата против тероризмот ќе го достигне врвот", нагласи Јилдририм. Тој исто така порача дека „залудно се надеваат оние што уфрлуваат убијци во општеството дека со различни предавнички и неморални напади ќе предизвикаат поделби“.
„Залудно се надеваат оние што уфрлуваат убијци во општеството за со предавнички и неморални напади, на различни начини да предизвикаат поделби. Залудно чекаат да се разединиме. Турција е правна држава, во оваа земја се заштитени сите животни стилови, сите начини на живот, сите вери и уверувања и сите ставови се под заштита на државата“, порача Јилдирим. Јилдирим зборуваше и за ситуацијата во Ирак, Сирија, како и односите на Турција со другите земји.
„Ако нема авторитет во Ирак, ако нема авторитет во Сирија, ако нема држава, ние не можеме да бидеме на сигурно. Ги уредивме односите со Русија, односите со Израел ги доведовме до одредена точка. Ни тоа не беше доволно. Сметаке дека е потребно да запре масакрот во Сирија кој трае веќе шест години, презедовме иницијатива и заедно со Русија постигнавме воспоставување на прекинот на огнот", рече Јилдирим.
Турскиот премиер истакна дека неговата земја покрена процес со цел поправување на односите и со Ирак. Смета дека добрите односи со соседните земји се важни како за иднината и благосостојбата на тие земји, така и за мирот и безбедноста на Турција.