АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу рече дека се загрижувачки изјавите на некои министри за надворешни работи на некои земји членки на ЕУ за прекин на преговорите на ЕУ со Турција околу членството во унијата. „Турскиот народ од нас бара ‘Наместо тие да ги преземат нивните чекори, вие запрете ги преговорите за членство’ и постојано прави притисок врз нас. Ние овој тежок период можеме да го надминеме само доколку преземеме заеднички чекори. Зошто ние безпотребно да си создаваме проблеми со ЕУ“, рече министерот Чавушоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу по средбата со министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер зборуваше на заедничка прес-конференција.
Двајцата министри зборувале окоу врските меѓу Турција и ЕУ, за регионалните прашања, придавајќи им особено значење на односите меѓу двете земји. Министерот Чавушоглу истакна дека Германија е една од најзначајните земји во Европа.
Чавушоглу рече дека не е случајно што Германија е првиот трговски партнер на Турција, што покажува на значењето на економските односи меѓу двете земји. Тој ги истакна и политичките врски, особено механизмите за консултации кои постојат меѓу двете земји, кои досега функционирале многу добро и истакна дека се одлучни тие така да продолжат и во периодот кој престои.
Чавушоглу рече дека Германија заедно со Турција, сериозно се бори против тероризмот, истакнувајќи го значењето од воздушната поддршка која ја германските авиои од базата Инџирлик ја даваат во операциите насочени против теорисите на ДЕАШ, како и против сите терористички закани во регионот, додавајќи дека тие се истовремени и двајца важни сојузници во НАТО.
За потребата од покажувањето на истата почит и во односите меѓу двете земји, Чавушоглу го рече следното:
„Нашето очекувања од европските земји и Германија се следното: Може да се разгледвуаме, да имаме различни гледишта, но Турција треба да ја гледате како рамноправевн партнер. Доколку сакате врските со нас да ги издигнете на повисоко ниво, тогаш не треба Турција да ја гледате како земја од втор дед, туку земја која е рамноправен партнер, бидејќи ние така ги гледаме нашите партнери. Ниту едн земја не ја гледаме од висина. Вложуваме напори за развивање на односите и во тешки услови“.
Во врска со одлуката која ја донесе германскиот парламент за наводниот геноцид, создаде одредено заладување во односите меѓу двете земји, но набргу германскиот парламент издаде соопштение, истакнувајќи дека е потребно вложување на заеднички напори со кои билатералните односи повторно ќе се стават во колосек.
„Ние имаме свои очекувања од Германија. Пред сѐ, посакуваме терористите на ПКК така слободно и распространето да не се шетаат низ Германија“, изјави Чавушоглу. Тој додаде дека и голем број на лица кои се поврзани со терористичката организација ФЕТО и некои терористи на Револуционерна народноослободителна партија - Фронт (ДХХП-Ц) продолжуваат со своите активности во Германија и некои европски земји.
И покрај различните гледишта, Чавушоглу ја истакна потребата од искрена соработка, особено на полето на тероризомот. Тој смета дека меѓусебното почитување и соработка ќе ги унапреди односите меѓу двете земји.
За односите Турција-ЕУ, Чавушоглу истакна дека очекува Германија да даде поголем конструктивен придонес и додаде:
„Штајнмаер на вчерашниот состанот на Совет на министри за надворешни работи зазема став кој е за восхит. Значењето на Турција на најдобар можен начин го прикажа на состанокот, истакнвуајќи ги течките денови низ кои минува Турција, проблемите низ кои таа минува и кризата во довербата која постои. Тоа е многу важен момент за нас. Ние никогаш не рековме дека немаме потреба од ЕУ. Турција има потреба од ЕУ, и ЕУ има потреба од Турција, но ЕУ често ја заборава потребата од Турција и често сме сведоци како се негира тоа. Во последно време некои министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ или некои раководители на ЕУ, често изјавуваат дека е потребно да се прекинат преговорите со Туција, што создава голема реакција кај народот. Турскиот народ од нас бара ‘Наместо тие да ги преземат нивните чекори, вие запрете ги преговотите за членство’ и постојано прави притисок врз нас. Ние овој тежок период можеме да го надминеме само доколку преземеме заеднички чекори. Зошто ние безпотребно да си создаваме проблеми со ЕУ. Затоа, Германија, како една од најзначајните членки на ЕУ има голема улога. Затоа и се заблагодаруваме на Германија околу улогата која ја одигра во надминувањето на голем број проблеми, особено околу проблемот со бегалците. Верувам дека оваа посета ќе ги подобри односите меѓу двете земји и тие ќе ги донесе на едно повисоко ниво.“
Премиерот на Турција Чавушоглу, на едно новинарско прашање „Дали Турција сѐ уште покажува интерес за ЕУ и преговорите со неа?“ одговори дека Турција по обидот за државен удар имаше 246 жртви, а 2,194 лица беа сериозно ранети и додаде дека е очигледен извршителот на овој обид за државен удар.
Чавушоглу рече дека откако народот увидел што направиле овие пучисти, нормално е нивното барање за смрттна казна, и потсети дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган рекол дека вистинската адреса за тоа е турскиот парлемент.
Чавушоглу рече дека наместо Европа да го осети чувствата на турскиот народ, тој започнал со отворени закани во своите обраќања.
„Како што соопшти нашето обивителство, тие поседуваат докази за нивно притворање. Доколку вие имате докази кои го покажуваат спротивното, тогаш споделете ги со нас, да ги дадеме во судот како дополнителен документ. Доколку не запрашате ‘Зошто е приведен овој војник’, тогаш и турскиот народ ни вели ‘Гледате кој ги поддржуваше пучистите’“, рече министерот за надворешни работи на Турција Чавушоглу.
Околу слободата на изразување, Чавушоглу изјави: „Доколку некој поседува новинарска легитимација, доколку тоа лице врши шпионирање и против него се води судска постапка и притоа биде обвинет, тогаш тој не може како некаков херој, како лице на кого не му било дадено правото на слобода на изразување, да биде пречекан во Германија на највисоко ниво, се подразбира дека тогаш и ние, како и претседателот на Турција да реагираме. Доколку вие поседувате докази дека ова лице е невино, тогаш споделете ги со нас, но јас во моите раце имам докази дека ова лице е виновно. Ова го кажувам од аспект на судска одлука“.
Чавушоглу рече дека тоа не им прилега на две пријателски земји кои се истовремено и сојузници.
Министерот за надворешни работи на Турција Чавушоглу рече дека не знае како се завршени процесите против најмалку 4.500 терористи на ПКК во Германија и дека досега Германија испорачала само тројца терористи на ПКК.
Министерот Чавушоглу го истакна следното:
„Кога станува збор за референдумот, нашиот приговор е следното: Секојдневно некој министер за надворешни работи си зема за право самоволно и предлага Турција да биде исфрлена... Кој си ти да ја исфрлаш Турција. Првенствено немаш право за таква одлука. За тоа е потребен консензус. Сметаме дека ние тоа не го заслужуваме таков третман. За таа одлука ќе биде запрашан народот. Тој нека донесе одлука. Веќе се уморивме од таквиот понижувачки третман кон Турција, навистине се уморивме.
Критериумите се очигледни, тие се поддеднакви за секого, но нашиот приговор се однесува на лицемернноста и двојните стандарди. За објективните критериуми, како што ветивме ќе ги исполниме и за нив немаме никаков приговор. Ќе ги отвориме сите поглавја, ќе преговараме. Тоа е во ред..."
Премиерот Чавушоглу додаде дека во Турција постојат стотици илјади невладини организации и според постоечките закони и сите овие организации слободно ги користат свои права.
news_share_descriptionsubscription_contact
