Ahmet Furkan Mercan
04 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека таргетирањето на зградата во која е сместена канцеларијата на Anadolu Agency во Газа од страна на израелската војска е нов индикатор на агресијата на Израел, и дека насилството кое го врши Израел е злосторство против човештвото, пренесува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу преку Твитер реагираше против таргетирањето на зградата во која се наоѓа и канцеларијата на АА во Газа од страна на израелската војска.
„Таргетитањето на зградата на АА е нов индикатор на агресијата на Израел. Насилството кое го врши Израел е злосторство против човештвото. Колку што Израел е одговорен за нападот, толку се одговорни и тие кои го охрабруваат Израел. И да останеме сами во светот, до крај ќе бидеме во одбрана на палестинската кауза“, напиша Чавушоглу.
Израелската војска изврши воздушен напад во Појасот Газа кој е под блокада, во чии рамки е погодена и зградата во која се наоѓа канцеларијата на Anadolu Agency (АА).
Како што јави новинарот на АА во Газа, израелските сили извршиле предупредувачки напад врз зградата во која се наоѓа канцеларијата на АА во Газа. По предупредувачкиот напад, вработените на АА веднаш ја напуштиле зградата, а со себе зеле сè што можеле во тој момент.
Извесно време по тоа, израелските воени авиони со најмалку 5 ракети извршиле воздушен напад врз оваа зграда, како резултат на што зградата е целосно срушена.