Aysu Biçer
21 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
АНКАРА
„Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) ја продолжи суспензијата на летови поради пандемијата на Ковид-19 до средината на јуни, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Домашните летови се суспендирани до 4 јуни, а меѓународните до 10 јуни“, се вели во соопштението издадено од турската авиокомпанија.
Претходната суспензија на летови траеше до 28 мај.
Во рамките на одлуката, откако ќе продолжат летовите, рачниот багаж нема да биде дозволен во кабината, но ќе биде чекиран со останатиот багаж.
Дозволата за кабински багаж од 8 килограми ќе биде додадена во пријавениот багаж на патниците.
Рачните торби можат да се носат во кабината.
„Туркиш ерлајнс“, која е основана во 1933 година, има флота од 361 патнички и карго-авион.