Ekipa
30 Септември 2018•Ажурирај: 01 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турските воени авиони неутрализираа над 10 терористи на ПКК, како дел од антитерористичката операција во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб во објава на Твитер соопшти дека во воздушните напади се неутрализирани 7 терористи на ПКК во подрачјето на Гара.
Армијата истакна дека терористите планирале напади врз турските бази.
Во друго соопштение објавено претходно во текот на денот, Армијата нагласи дека четворица терористи на ПКК се неутрализирани во регионот на Харкук и Зап во воздушна операција.
Во нападите, исто така, уништени се и засолништа и складишта за муниција кои им припаѓале на терористите во подрачјето.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 лица.