Nilay Kar
30 Септември 2018•Ажурирај: 01 Октомври 2018
ЕДРEНЕ (АА) - При потонување на чамец кој превезувал нелегални мигранти во северозападната турска област Едрeне, загинаа најмалку пет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносни извори соопштија дека чамецот потонал во Егејското Море, во подрачјето Енез во турската северозападна област Едрeне.
Турската крајбрежна стража извлече пет безживотни тела од морето. Не се дадени повеќе детали за инцидентот.
Турција претставува главна рута за мигрантите кои се обидуваат да преминат во Европа, особено по започнувањето на сириската Граѓанска војна во 2011 година.