Aylin Sırıklı
04 Мај 2016•Ажурирај: 04 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган порача во средата од Анкара дека Турција ќе одговори на секој напад насочен кон нејзината територија и граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција ќе одговори на секој напад на нејзината територија или граѓани. ДАЕШ ја плати и ќе продожи да ја плаќа цената за секој напад врз Килис. Познати ни се плановите на терористите, но можете да бидете сигурни дека во тоа нема да успеат“, порача Ердоган.