Nazlı Yüzbaşıoğlu
15 Јуни 2017•Ажурирај: 16 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се сретна со вицепремиерот на Кувајт и министер за надворешни работи на Кувајт, шеикот Сабах Халид ел-Хамад ес-Сабах, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од дипломатски извори, министерот за надворешни работи на Турција, Чавушоглу, кој е во официјална посета на Кувајт, се сретна со својот кувајтски колега, со кој разговараше за последниот развој на настаните околу кризата меѓу Катар и некои арапски земји.
Чавушоглу подоцна го напушти Кувајт, со цел да учествува на програмата во Анкара.
Вчера, турскиот министер Чавушоглу, заедно со Нихат Зејбекчи, министер за економија на Турција, допатува во официјална посета на Катар, каде што имаше официјални средби на коишто стана збор за последните случувања со кризата во Заливот.