Sinan Uslu
20 Јануари 2017•Ажурирај: 21 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку петмина турски војници загинаа, а девет се повредени во бомбашки напад што членовите на терористичката организација ДЕАШ го извршија во областа Суфланија во Ал-Баб, во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што беше соопштено од страна на Генералштабот на турската војска, нападот со автомобил-бомба беше извршен денеска, во поладневните часови.
Тие потврдија дека загинале пет, а повредени се девет војници. Повредените војници се хоспитализирани, а од Генералштабот беа упатени пораки на сочувство до семејствата на загинатите војници, Турските вооружени сили (ТСК) и до турскиот народ.
Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ започна на 24 август, а целта е да се отстранат заканите од терористичките организации, пред сè од ДЕАШ, кои сѐ уште се присутни во северниот дел на Сирија.
Офанзивата ја спроведуваат сириските опозициски сили, а согласно меѓународното право на самоодбрана, поддржани се и од турските сили, како и од меѓународната коалиција против ДЕАШ.