Handan Kazancı
26 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
АНКАРА (АА) – Според денешното соопштение од Турската армија, во последните 24 часа биле погодени 99 позиции на ДЕАШ и 18 позиции на ПКК/ПЈД како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата, која започна кон крајот на август со цел да се ослободи северната сириска граница од терористите, сега влегува во 64. ден.
Во акцијата, целите на ДЕАШ и на ПКК/ПЈД биле нападнати од страна на опозициската Слободна сириска армија, заедно со турските тенкови, артилерија и авионите.
ПКК и неговиот сириски огранок, ПЈД, се наоѓаат на листата на терористички организации на Турција, иако САД и ЕУ за терористичка организација ја сметаат само ПКК.
Од војската, исто така, се вели дека во последните 24 часа, загинале двајца опозициски борци, а пет други лица биле повредени од експлозии на барел-бомби на режимските сили во Џабал Наиф, во северниот дел на Сирија.
Во друг, одделен напад со автомобил-бомба во југоисточниот регион Ахтерин, загинаа уште двајца опозициски борци, а 21 лице биле повредени, се додава во соопштението од војската.
Од почетокот на операцијата, опозициските сили успеаја да стават под контрола околу 163 населени области и 1.300 квадратни километри (502 квадратни милји), се вели понатаму во соопштението.
Во него е наведено и дека најмалку двајца терористи на ПКК загинале, а во воздушен напад во Сусијан, извршен од страна на коалициските сили предводени од САД, биле уништени возило и зграда.